Натпреварот кој се одигра синоќа во Гелзенкирхен меѓу репрезентациите на Србија и Англија постави анти-рекорд на европските првенства. Според статистиката, синоќешниот дуел заврши со само 11 удари кон двата гола, од кои Србија упати шест, а Англија пет.
Според овој параметар, ова е меч со најмалку удари кон гол на едно европско првенство од 1980 година.
Досегашниот анти-рекорд во овој параметар со 12 удари кон гол го имаа натпреварите Италија – Шведска 1:0 (2016), Велс – Северна Ирска 1:0 (2016) и Чешка – Англија 0:1 (2020).