Адидас прави специјален дрес за 125. роденден на Баерн (М) (ФОТО)

108

Баерн следната година го слави својот 125 роденден. За таа прилика неговиот технички спонзор Адидас подготвува специјална линија опрема која најголемиот германски клуб ќе ја носи во текот на сезоната 2025/26.

Идеите веќе некое време се на масата на дизајнерите од легендарната компанија, а се чини дека победи онаа во која на специјалниот дрес ќе се најде старото лого на Адидас и старото лого на Баерн.

Специјализираниот портал кој се занимава со овие теми FootyHeadlines ги објави првите фотографии од новиот дрес.

Претходно„Му понудивме 1,4 милијарди евра, тој веднаш ја одби нашата понуда“!
СледноРоналдо веќе прави планови да игра и на Светското првенство во 2026 година