Романците го скандираа името на Путин на Алијанц арената, натпреварите на Украина не се емитуваат во Русија

356

Навивачите на романската репрезентација на вчерашниот натпревар против Украина го скандираа името на рускиот претседател Владимир Путин. Тоа доаѓа откако УЕФА објави дека ќе и биде забранет влез на стадиони со руски знамиња за време на натпреварите на украинската репрезентација на ЕП 2024, бидејќи тоа ќе се смета за провокација и може да предизвика безбедносни проблеми. И покрај оваа забрана, романските навивачи го донесоа знамето на т.н Народна Република Доњецк, што исто така е крајно навредлив чин против Украинците.

Во меѓувреме, стана јасно дека ниту еден од натпреварите на Украина на Евро 2024 нема да се пренесува на руската телевизија.

ПретходноСтрелачката Мојсовска обезбеди учество на ЛОИ во Париз
СледноВардарки со пехарот во кадетска конкуренција, МВП признанието за Пислевска