Селемон Барега со прво атлетско злато во Токио

79

Репрезентативецот на Етиопија, Селемон Барега е освојувач на златниот медал на трката на 10.000 метри на Олимписките игри во Токио со што и официјално се отвори атлетската програма на овие игри.

Тој го изненади големиот фаворит во оваа конкуренција и актуелен светски шампион и рекордер Џошуа Чептегели од Уганда,а трет заврши неговиот сонародник Џејкоб Киплимо.

Барега одлично финишираше во последните стотина метри направи неколку метри предност, што беше недостижна за конкурентот.

 

ПретходноЕден од најдобрите боксерски нокаути на ОИ на сите времиња (ВИДЕО)
СледноДарко Соколов уште една година во Еуро Никел