Попладнево во Струга се одигра пријателски меч меѓу шампионот, тимот на Струга ТЛ и победникот на Купот, составот на Тиквеш. Интересни 90 минути, голеада и на крај 3:4 во мечот кој може да се каже дека беше своевиден “Суперкуп на Македонија“.
Гостите од Кавадарци во три наврати имаа водство, но сепак шампионот трипати израмнуваше за 3:3, за да на крајот во судиското продолжение кавадарчни поведоа и четврти пат, за конечни 3:4.
Стрелци на головите за шампионот беа Шабани, Укпа и Компаоре. Стрелци за Тиквеш беа Спахиу, Мартин Стојанов, третиот беше автогол, додека победничкиот погодо беше дело на Бразилецот Витор Алберто, кој кавадарчани денеска го промовираа.
Ова беше убава контрола и за двете екипи во пресрет на европските настапи.
Да кажеме дека на клупата на Струга ТЛ свое деби имаше новиот стратег Ќатип Османи.