РК Пролет се засили со српскиот ракометар Голубовиќ

111

Српскиот ракометар Ѓорѓе Голубовиќ е нов член на Тинекс Пролет откако денеска потпиша договор за едногодишна соработка. Со ангажманот на Голубовиќ клубот успеа да донесе квалитетно решение за позицијата десен бек, која беше испразнета со заминувањето на Никола Потиќ.

29-годишникот Голубовиќ ланската сезона ја помина во дресот на Хапоел Бер Шева во Израел, а играше и за Партизан но и во македонското првенство, кога во 2015 година ги бранеше боите на Металург.

Воедно, клубот нема да ја продолжи соработката со браќата Филип и Александар Василевски, на кои им посакуваме многу среќа во наредните професионални ангажмани.

Пролет во текот на месец август ќе одигра и неколку пријателски средби како загревање за двомечот од квалификациите за Лигата на Европа против шпанскиот претставник Гранолјерс.

ПретходноЛУДО – Сити со понуда од 100 милиони фунти за Џек Грилиш!
СледноОФИЦИЈАЛНО: Арсенал го претстави третото најскапо засилување во историјата