Даку се извини ама не ги спомна Македонците и Србите: Простете ми ако навредив некого

1914

Мирланд Даку преку социјалните мрежи се извини за својата постапка oткако се соочи со дисциплинска постапка покрената од страна на УЕФА поради неговото недолично однесување. По крајот на мечот меѓу Хрватска и Албанија пред албанските навивачи почна да извикува пцовки кон Македонците и Србите, па наиде на осуда од страна на целата европска фудбалска јавност.„Простете ако навредив некого после натпреварот со Хрватска. Ефектот на натпреварот си го прави своето. Простувањето е човечко, а јас чувствувам морална и професионална обврска да се извинам. Продолжувам да работам заедно со целиот тим за да ги исполниме нашите соништа“, напиша Даку меѓу другото на социјалните мрежи.

ПретходноСтартуваше Копа Америка: Таман кога ќе помислите дека Меси е во „аут“ – следи магија (ВИДЕО)
СледноКако изгледаат седумте балкански денови на ЕП: Србија ги пријави Хрватска и Албанија, Косово ја пријави Србија…