Денеска на ЕУРО: Мбапе не смее да игра со оваа маска, Холандија VS Франција е дербито!

1203

Денеска на програмата на ЕП се три натпревари од второто коло во групната фаза. Секако дека во центарот на вниманието е дербито во групата – Д, во кое се среќаваат Холандија и Франција во Лајпциг и тоа со почеток од 21 часот. И двете селекции имаат по три бода од првите мечеви, па така кој ќе победи и дефинитивно ќе стави печат на пласманот во осминафиналето.

Сеуште дефинитивно не се знае дали Килијан Мбапе, кој има повреда на носот, ќе настапи. За него е подготвена специјална маска, но најновите информации велат дека со таа со која вчера тренираше, мега – ѕвездата не смее да игра зошто истата мора да биде еднобојна според правилата. А оваа на Мбапе е со боите на Франција.

Така стои во правилата на УЕФА.

Инаку денешната програма започнува со мечот од групата – Ф во Дизелдорф во 15 часот, каде се среќаваат Словачка и Украина. Додека во 18 часот во Берлин силите ќе ги одмерат Полска и Австрија.Image

ДЕНЕСКА НА ЕУРО 2024

ГРУПА – Ф (15:00 Ч)

ДИЗЕЛДОРФ: СЛОВАЧКА – УКРАИНА

ГРУПА – Д (18:00 Ч)

БЕРЛИН: ПОЛСКА – АВСТРИЈА

ГРУПА – Д (21:00 Ч)

ЛАЈПЦИГ: ХОЛАНДИЈА – ФРАНЦИЈА

ПретходноВреме е за нов предизвик: Наташа Андонова се раздели со Леванте
СледноШпанскиот селектор со една изјава ја раздрма Европа