Албанската фудбалска федерација извини за однесувањето на напаѓачот Мирланд Даку на ЕП 2024. По ремито 2-2 со Хрватска во второто коло од групната фаза на турнирот, Даку со мегафон кон навивачите на Албанија ги испрати навреди кон Македонците и Србите.
„Албанската фудбалска федерација го признава неодамнешниот инцидент со нашиот играч Мирланд Даку, кој се случи по натпреварот на ЕП 2024 година меѓу Албанија и Хрватска. Разбираме дека среде спортско натпреварување емоциите растат, постапките на Мирланд беа несреќна реакција на една исклучително напната ситуација. Мирланд Даку веќе изрази длабоко каење за своите постапки и упати јавно извинување. Тој ги разбира последиците од неговото однесување и ја презеде целосната одговорност. Овој инцидент не го одразува неговиот карактер ниту вредностите кон кои ние како федерација се придржуваме“, се вели во соопштението на Албанската фудбалска федерација.