Вардар ќе го брани пехарот на „Струшкиот турнир“, доаѓат и АЕК и Ескилстуна

242

Годинешното издание на ракометниот турнир „Струга 2024“ ќе ги собере најдобрите македонски екипи. Иако првично беше објавено дека само три домашни екипиќе настапат на истиот, денеска организаторите потврдија дека меѓу учесниците ќе биде и РК Вардар 1961, инаку, најтрофејниот тим на турнирот со 14 титули.

Вардар е и актуелен бранител на титулата од лани, па повторно ќе игра во Струга на „отвореното игралиште“ како најава за новата сезона.

Скопскиот тим е првиот победник на турнирот во 1973 година, а во меѓувреме повеќепати триумфираше на следните изданија. Од домашните тимови годинава во Струга ќе бидат и Е. Пелистер, Тиквеш и домаќинот на турнирот, Струга. Од странските екипи е потврден настапот на АЕК Атина и шведска Ескилстуна.

ПретходноФилкруг: Ако сакаме да бидеме шампиони, мора да ги победиме сите
СледноВирус ги фати и Холанѓаните, Циркзи е во кревет