Закањи ја спаси Италија, за Хрватска само теорија, Албанија во „аут“ (видео)

2060

Со голот на Матијас Закањи во седмата минута од судиското продолжение, Италија одигра реми со Хрватска 1:1 и се пласира во осминафиналето на ЕП. Хрватите беа на  секунди до пласман во нокаут фазата, а во последните секунди примија гол кој практично ги испраќа дома затоа што имаат само два бода и само теоретски можат да се најдат меѓу најдобрите третопласирани.

„Коцкастите“ влегоа во мечот со еден бод и им требаше победа.

Во првото полувреме голманот на Хрватите, Ливаковиќ имаше многу работи, а во вториот дел Хрватите притиснаа, постигнаа гол.
Во 53 минута судијата свирна пенал по играње со рака на еден италијански играч. Прво Донарума му одбрани пенал на Модриќ, но во продолжение на акцијата италијанскиот голман уште еднаш одбрани по шут со глава меѓутоа топката повторно дојде до Модриќ кој потоа не погреши (ГОЛОТ НА МОДРИЌ НА ОВОЈ ЛИНК).

Модриќ со 38 години и 289 денови е највозрасниот фудбалер кој постигнал гол на европските шампионати.

Во 97 минута по една брза акција, топката дојде до Закањи кој успеа да погоди за огромна радост во редовите на бранителот на европската титула (ГОЛОТ НА ЗАКАЊИ НА ОВОЈ ЛИНК).

Така Италија има четири бода на второто место, а Шпанија е победник во групата по триумфот над Албанија со 1:0. Голот за трета победа во групата го постигна Феран Торес во 13 минута (ГОЛОТ НА ОВОЈ ЛИНК).
Хрватска е трета со два бода, а Албанија има само со бод.

Standings provided by Sofascore
ПретходноДончиќ ќе настапи за Словенија на квалификацискиот турнир за ЛОИ
СледноГо имаме првиот осминафинален дуел на ЕП