Словенија засилена ќе настапи на квалификацискиот турнир за пласман на Летните олимписки игри во Париз. На подготовките им се приклучи најдобриот нивен кошаркар Лука Дончиќ.
Кошаркарот на Далас на турнирот во Атина одлучи да игра иако постоеше неизвесност околу неговиот настап поради долгата сезона во НБА лигата и повредите во финишот на сезоната.
Словенија, сепак, ќе ја има помошта од Дончиќ. Па така Словенците ги очекуваат натпревари со Нов Зеланд и Хрватска, а во полуфиналето за противник ќе ја има Грција, Доминиканска република или Египет.