Еве што им треба на Хрватите за пласман во осминафиналето

2170

Хрватска беше блиску но не успеа да ги освои бодовите против Италија во клучниот меч за пласман во осминафиналето. „Коцкастите“ теоретски останаа во игра за нокаут фазата како една од најдобро третопласирани екипи, со оглед на тоа дека имаат само два бода треба да се поклопат следните работи.
Во групата Ц, Англија да ја победи Словенија со три или повеќе голови разлика, а во истата група Данска да ја совлада Србија. Во тој случај Словенците би биле трети со два бода и полоша гол-разлика од Хрватите, а Србија би останала на еден бод.
Но тоа не е се. Во групата Ф, Португалија мора да ја победи Грузија, а Турција да ја победи Чешка. Тогаш Грузијците и Чесите би имале по бод па Хрватска би била пред нив.

ПретходноГо имаме првиот осминафинален дуел на ЕП
СледноЛука Модриќ влезе во историјата на Европските првенства