Дресел до злато на 100 метри пеперутка и нов светски рекорд!

459

Американецот Кајлеб Дресел е освојувач на златниот медал на 100 метри пеперутка на Олимпијадата во Токио. Тој постави време од 49.45 секунди што претставува нов светски рекорд, всушност го собори претходниот за пет стотинки.

Дресел поведе уште на стартот и го сочува првото место до крајот на трката. Ова е неговото трето злато во Токио по триумфот на 100 метри слободно и штафетната трка 4х100 метри слободен стил заедно со Блејк Перони, Боувен Бекер и Зак Ејпл.

Сребрениот медал му припадна на Унгарецот Кристоф Милак, додека бронзениот замина на градите на Ное Понти од Швајцарија.

ПретходноЛачи во промовираше Илирид Адеми!
СледноБританија со светски рекорд на 4х100 метри мешано!