Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа, доживеа пораз уште на стартот од квалификациите за пласман на Вимболдон. Македонката денеска беше поразена од Саша Викери од САД со 2:0 во сетови. Интересно, и двата сета Лина ги загуби во тај – брејк и тоа со 7:6 и 7:6.
Со ова беше згаснат сонот на Лина дека евентуално може да се најде на најголемиот гренслем тениски турнир во светот.