Британија со светски рекорд на 4х100 метри мешано!

72

Велика Британија го освои златото на штафетната трка 4х100 мешано притоа поставувајќи нов светски рекорд. Кејт Доусон (грбно), Адам Пити (градно), Џејмс Гај (пеперутка) и Ана Хопкин (слободен стил) ја освоија титулата со време 3:37.58 минути.

Тие го подобрија досегашното постигнување на квартет на Кина од 3:38.41 минути од 26 септември минатата година во Џиндао.

А Пити го освои второто злато во јапонската престолнина по победата и на 100 метри градно.

Британците одлучија да го наредат квартетот во формација – жена, маж, маж, жена. Во третата серија Гај имаше одлично пливање и ја однесе Британија на првото место, а по него Хопкин дури успеа да ја зголеми разликата и да го осигура златото.

Второто место и припадна на Кина која постави време од 3:38.86 минути, а третото место и бронзата замина кај Австралија во чиј тим беше Кејли Мак Кион која го освои третиот медал во Токио по титулите на 100 и 200 метри грбно.

ПретходноДресел до злато на 100 метри пеперутка и нов светски рекорд!
СледноЛедецки го одбрани златото на 800 метри слободно, a стигна до четвртиот медал во Токио