Во текот на изминатиов викенд се одржа Европското првенство во кураш во Едрене, Турција, за јуниори и сениори. На ова ЕП нашите репрезентативци освоија 4 медали – 1 сребрен и 3 бронзени.
Во јуниорска конкуренција Амина Факиќ во категоријата до 60 килограми освои сребрен медал, додека Мусај Беслими (55 кг) и Ахмед Факиќ бронзи.
Сениорот Ернад Реџиќ (+100 кг) освои бронза.
На првенството имало учесници од 20 држави и се прикажани јаки борби.