Валанчиунас оди кај Леброн во ЛА Лејкерс?

150

Литванскиот репрезентативец Јонас Валанчиунас има одлични шанси да заигра за ЛА Лејкерс.

„Езерџиите“ размислуваат да добијат искусен центар кој ќе игра покрај Ентони Дејвис, а една од потенцијалните цели на клубот е токму центарот на Пеликанс. Валанчиунас веќе подолго време се разгледува како опција во клубот од Калифорнија.

Интересно е што Литванецот летово ќе стане слободен играч без ограничувања. Минатата сезона Валанчиунас не пропушти ниту еден натпревар од регуларниот дел од сезоната, обезбедувајќи просек од 12,2 поени, 8,8 скока и 2,1 асистенции.

ПретходноВучиќ со порака до српските спортисти: “Секој златен медал на ОИ во Париз ќе биде награден со 200.000 евра“!
СледноРакометарките поразени од Црна Гора, ќе играат за пласман од 13. до 16. место