Србија катастрофа: Така е кога го имаат најслабиот селектор во историјата на фудбалот!

3205

Последно место во групата, само еден гол на три меча, премногу експерименти, тренерско незнаење, малтретирање на капитенот, ти треба победа а ти играш на реми, го оставаш сам Митровиќ покрај тројца “двометраши“ на Данска и упорно одиш на центаршутеви.

Е, тоа го прави само Драган Стојковиќ Пикси, најслабиот селектор во историјата на фудбалот. Човекот едноставно не знае, само е надмен и има “име“ од играчките денови. Ништо друго.

Србија катастрофа. Уште едно големо разочарување за сите фанови во таа земја. Да ги имаш сите оние “ѕвезди“ и да не знаеш да ги вклопиш, да не знаеш што треба, да не ги знаеш основните тренерски постулати, тренерската основа. Тоа го може само еден ужас од селектор, тренер.

Па Матјаж Кек да ги има овие играчи на Србија сигурно е дека ќе оди до, барем, полуфинале.

А ГОЛЕМИОТ Пикси сега ќе мора да објаснува што и како. Сега веќе нема да му пројде кај обичните фанови и јавноста и нема да си даде оставка сигурно.

Зарем е луд да ги остави на страна оние 1,5 милиони евра годишно?

А за што? Само да ја брука својата земја, својата репрезентација и сите оние екстра квалитетни играчи покрај него.

Само тоа го знае.

На крај една реченица на аналитичарот Раде Богдановиќ кажува се кога беше објавен стартниот состав на Србија за дуелот со Данска:

Извинете, ама јас не сум доволно интелегентен да го коментирам стартниот состав на Србија“…

Се е кажано.

Сепак, така им е на Србите кои се “колнеа“ во ГОЛЕМИОТ Пикси, а сега ќе плачат по новата катастрофа.

Бадијала им се сега коментарите на социјалните мрежи.

Требаше после Катар да го исшутираат назад во Кина и Јапонија, само таму му минува(ше) она неговото…тренерско незнаење.

Сосема за крај. Ова е дел од изјавата на Пикси по ремито со Данска и елиминацијата:

Јас сум горд, оставивме добар впечаток, не се избрукавме“…

Неверојатно…

ПретходноПекол во горниот дел од “костурот“, тука се Шпанија, Германија, Португалија и Франција, на Англија и се “отвара“ патот до финалето! (ФОТО)
СледноКопа Америка: Аргентина е веќе во четвртфиналето, историска победа за Канада