Словенците изненадени од пласманот во осминафиналето: Не очекував дека ќе ја минеме групата

196

За првпат во историјата Словенија се пласираа во нокаут фазата на едно големо натпреварување, а селекторот Матјаж Кек вели дека не го очекувал тоа.

Словенија о освои третото место во групата Ц, зад Англија и Данска, а пред Србија која го заврши настапот на овогодинешното Европско првенство.

„Навистина не очекував дека ќе поминеме. Со играта покажавме дека заслужуваме да одиме понатаму. Игравме против еден од фаворитите на турнирот. Се чувствував позитивно во текот на денот. Покажавме ментална сила. Ги анализиравме, но кога станавме пасивни имавме проблеми. Малку имавме среќа, што ни недостигаше против Србија. Јас сум исклучително горд на овој тим. Ова е почеток на нова и убава ера за словенечкиот фудбал“, изјави Кек.

ПретходноДосега не се случило: Како УЕФА утврди дека Данска е втора, а Словенија трета?
СледноТурската федерација во одбрана на Монтела по силните напади од турските медиуми