Бојан Богдановиќ се враќа во тимот каде што ја почна НБА кариерата

322

Хрватскиот кошаркарски репрезентативец, Бојан Богдановиќ, својата НБА кариера ќе ја продолжи во екипата на Бруклин Нетс, објави инсајдерот Адријан Војнаровски. Богдановиќ предводи голема група играчи кои ќе одат во Бруклин, додека Микал Бриџис (27) ќе се пресели во Њујорк Никс.

Конкретно, Никс го добиваат Бриџис, кој минатата сезона имаше просек од 19,6 поени по натпревар, а заедно со него и вториот пик на драфтот во 2026 година, додека Богдановиќ оди во Бруклин, заедно со седум играчи кои ќе бидат драфтувани во периодот од 2025 до 2031 година.

Богдановиќ ја започна својата НБА кариера во Нетс во 2014 година и таму помина две и пол сезони.

ПретходноСпалети: Изгледа имаме „крт“ во репрезентацијата
СледноТанасковиќ и Делалиќ заминаа од МЗТ Скопје А. и си најдоа нови клубови