Далиќ останува селектор на Хрватска и покрај неуспехот на ЕП

347

Прв пат по десет години, Хрватска испадна од групната фаза на некое големо натпреварување. Со големи очекувања отидоа во Германија, но не пројдоа во осминафиналето. Со само два бода го завршија настапот на ЕП.
Навивачите очекуваа Златко Далиќ да добие отказ, но од ХНС мислат поинаку.
„Далиќ е селектор и ќе остане селектор на хрватската фудбалска репрезентација. Разговаравме и си подадовме рака“, изјави првиот човек на ХНС, Маријан Кустиќ во интервју за Нова ТВ.

ПретходноФС на Данска им нареди на навивачите да ја платат казната од УЕФА
СледноПромени во Евролигата: Ограничување на платите, повеќе клубови, нов систем на натпреварување