Англискиот фудбалски репрезентативец Фил Фоден денеска ќе се врати во Германија, откако отпатува за Велика Британија поради раѓањето на неговото дете.
24-годишниот фудбалер на Манчестер Сити пред два дена го напушти кампот на Англија поради, како што соопшти Фудбалската асоцијација на Англија, „итни семејни работи“.
Фоден ги започна сите три натпревари што Англија ги одигра во групата Ц на Европското првенство. Англија во недела во Гелзенкирхен ќе игра против Словачка во осминафиналето на Европското првенство, а Фоден денеска треба да тренира со соиграчите.