Десниот бек Ангелче Тимовски си замина од Гостивар и како слободен фудбалер се врати во Силекс, клубот во кој ја почна фудбалската кариера.
„Тимовски за нашиот клуб има досега настапено над 200 натпревари, на кој има запишано 18 асистенции и постигнато 3 гола во Прва МФЛ.“, соопштија од Силекс.
Тимовски освен за Силекс и Гостивар има играно и за Шкупи и Победа од Прилеп.
Toj e вториот фудбалер кој го засилува Силекс оваа недела. Пред него дојде искусниот напаѓач Ален Јашаровски.