Светскиот првак со Германија ја заврши кариерата и „заплива“ во тренерски води

1552

Германскиот фудбалер Шкодран Мустафи одлучи да стави крај на фудбалската кариера на 32 години. Светскиот шампион со Германија е без клуб од 2023 година откако го напушти шпанскиот Леванте, размислуваше дали да ја продолжи кариерата, се бореше и со повреди но на крајот одлучи да се пензионира и да се сврти кон нов предизвик.
Мустафи играше уште за Хамбургер, Сампдорија, Валенсија, Арсенал и Шалке.
Тој ќе остане во фудбалот и тоа како помошник во У17 репрезентацијата на Германија. Потоа ќе полага за потребната УЕФА лиценца за да може да работи во некој клуб.

 

ПретходноСтојановиќ со сребро на Светската младинска карате лига
СледноХамшик раскажа случка со македонски навивачи (видео)