Неславно го заврши ЕП: УЕФА со “шут – карта“ за судијата Макели!

3706

Холандскиот судија Дани Макели (41), кој важи за еден од најдобрите делители на правдата во светот, неславно го заврши ова ЕУРО 2024. Имено судиската комисија на УЕФА одлучи да го испрати дома Макели поради неговото судење на мечот Италија – Хрватска, на кој меч евидентно беше дека судеше на штета на “коцкестоте“ кои примија гол во 90+8.минута и со тоа беа елиминирани од ЕУРО.

Јасно е дека Хрватите сега ликуваат, ама од друга страна се и тажни ако се знае дека во изминатите денови сите од ред, од селекторот Далиќ па до цела јавност во таа земја го критикуваа Холанѓанецот.

ПретходноМарковски ќе суди на У-19 ЕП!
СледноПријателска: Шампионот е во форма, триумф и над Тирана!