Милан е импресиониран од Микаутадзе, планира да ја активира откупната клаузула

995

Милан се вклучи во борбата за напаѓачот на грузиската репрезентација и холандиски Ајакс, Жорж Микаутадзе. Италијанска „Ла Република“ објави дека „росонерите“покажуваат сериозен интерес за 23-годишниот напаѓач, земајќи ги предвид значителните тешкотии во преговарачкиот процес околу трансферот на Циркзе од Болоња.

Милан е импресиониран од Микаутадзе и неговата способност за гол-завршница. Грузиецот е под договор, но има „клаузула“ во висина од 13 милиони евра. Тоа не треба да биде проблем за Милан да ја активира.

Микаутадзе моментално е најдобар стрелец на ЕП 2024. На три одиграни натпревари има постигнато три гола, а има и една асистенција. Иако е играч на Ајакс, Микаутадзе втората половина од минатата сезона ја мина како позајмен во Мец во Франција, каде забележа 29 настапи, постигнувајќи 13 гола и четири асистенции.

ПретходноМилиметарски офсајд: Зарем е можно? Еве зошто ВАР го поништи голот на Андерсен за 1:0 за Данска!
СледноСупер Лаутаро Мартинез продолжува да блеска во отсуство на Меси (ВИДЕО)