Искусниот централен дефанзивец Рафаел Варан, кој по 30 јуни ќе биде слободен играч, пристигна во градот Комо за да преговара за потенцијален трансфер во истоимениот италијански клуб. Според информациите, 31-годишниот Французин ќе разговара со раководството на Комо и лично со тренерот на тимот Сеск Фабрегас.
Се зборува дека новајлијата во Серија А е исклучително заинтересиран да потпише договор со искусниот Варан, откако претходно се пофали со екс-италијанскиот репрезентативен напаѓач, Белоти.