По навика, Гостивар одработува промоција доцна во вечерните часови. Нови играчи на овој тим се Емануел Мбенде (28), дефанзивец кој некогаш играл за Бирмингем, но и за Катанијам, Камбур, бил играч и на младинската екипа на Дортмунд. Тој е Камерунец со германски пасош.
Второ ново име е Огузан Ајдоган (27), Германец од турско потекло. Станува збор за напаѓач, а бил член и на Карслруе.