Голема борба се води на кошаркарскиот турнир на Олимписките игри во Токио. Нема изразит фаворит секој може да победи секого. Австралија предмалку во рамките од групата Б ја совлада Германија до конечни 89:76, и на тој начин стигна до шест бода и прво место во моменталната конкуренција.
Милс најефикасен со 24 поени, зад него Леиндеил со 18. Кај поразените германци Обст најдобар со 17.
Германија во моментов е трета со четири бодови.