Њукасл договори продажба на двајца фудбалери, а купи нов голман. „Страчките“ се принудени да направат некои продажби до крајот на месецот за да ги балансираат финансиите во извештајот за пред раководството на Премиер лигата.
Кон Брајтон заминува 19-годишниот интернационалец од Гамбија, Јанкуба Минте кој минатата сезона играше како позајмен во Феенорд. Њукасл за него ќе добие 33 милиони фунти.
Играчот од средниот ред Елиот Андерсон ќе премине во Нотингем Форест за 35 милиони фунти, а во зделката за 21-годишниот фудбалер ќе биде вклучен и голманот Одисеас Влахомидос. Гркот од Нотингем ќе му се приклучи на Њукасл.