Денеска е денот кога голем број фудбалери остануваат без договори. Наполи е клубот кој денеска објави дека шест играчи ја завршиле својата мисија во клубот.
„Сакаме да им се заблагодариме на секој од нив за нивниот професионализам и посветеноста на Наполи за време на нивниот престој во Неапол. Им посакуваме се најдобро во иднина“, напишаа од клубот.
За кои играчи зборуваме?
Пјотр Зиелински е дефинитивно најголемото име, му истекува договорот, најверојатно ќе премине во Интер. И Хуберт Идасијак и Диего Деме се играчи кои остануваат без договори и преговараат со други тимови.
Од друга страна, Леандер Дендонкер, Пјерлуиџи Голини и Хамад Траоре беа вратени од позајмици, тие се вратија во своите клубови и тоа Астон Вила, Аталанта и Борнмунт.
📌 Club statement: SSC Napoli bids farewell to players whose contracts have expiredhttps://t.co/Ymh3QITfS4
— Official SSC Napoli (@en_sscnapoli) June 30, 2024