Купен е во 2022 година за 850.000 евра, сега вреди 35 милиони и одбива трансфер во Баерн

3730

Гиорги Мамардашвили, голманот на Грузија импресионираше на Европското првенство и неочекувано се пласираше во осминафиналето со својот тим. Тој имаше пет одбрани при поразот од Турција со 1:3, ја излуде Чешка при ремито 1:1 со 11 одбрани, а потоа уште пет пати го запре Португалците во победата од 2:0 над Грузија. Иако прими четири гола од Шпанците, повторно беше одличен со дури девет блокирани обиди против, за многумина, најголемиот фаворит на натпреварувањето.

Просечната оценка што му ја даде Sofascore по четири натпревари е високи 8,15 и само Фабијан Руиз со 8,77 е подобро оценет играч на турнирот досега. Мамардашвили е под договор со Валенсија до летото 2027 година, има 23 години, се пишуваше дека го посакуваат Челзи и Њукасл, но по ваквите настапи на еврото ќе има поголем број на клубови кои ќе се распрашуваат за него. Се споменува и интересот на Баерн.

Пред само две години Валенсија плати само 850.000 евра за да го донесе од Тбилиси, а денес според Трансфермаркт вреди 35 милиони. Свесен е дека е баран, но не сака да оди по секоја цена.

“Баерн се уште го има најдобриот голман на светот. Трансфер таму во моментов не ми изгледа возможен. Би одел само кога би можел да играм. Ако не е така, тогаш не би одел”, изјави Мамардашвили. за евентуален трансфер во Минхен.

ПретходноНБА „бомба“: Пол Џорџ за нова голема тројка во Сиксерс
СледноДешамп: Знаеме зошто сме дојдени тука и која е нашата цел