Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер не беше задоволен од настапот на Англија во осминафиналето против Словачка, што го добија Британците со 2:1. Словаците имаа водство се до петтата минута од судиското продолжение, а тогаш Џуд Белингем со ножички постигна гол за изедначување и продолженија.
„Англичаните играа многу бавно и беа премногу предвидливи. На крајот успеаја да победат благодарение на индивидуалните квалитети на играчите, а не преку нивната тактика“, изјави Венгер.
Англија во четвртфиналето ќе игра против Швајцарија. Натпреварот ќе се одигра на 6 јули во Дизелдорф и ќе започне во 19 часот.