Она што “СпортСпорт“ вчера ексклузивно го најави, попладнево Тиквеш и го официјализираше. Имено Мики Петртовиќ по цели 15 години се врати во својот матичен клуб и ќе го засили и тоа како ростерот на стратегот Ѓорѓи Мојсов.
Ново име во редовите на кавадаречкиот клуб е и младиот Мухамед Ахмети (17) кој доаѓа од Беласица.
Ахмети е крилен играч и важи за голем талент, секако дека допрва од мнего Тиквеш многу ќе очекува.