Сити останува без Едерсон: Бразилецот добил баснословна понуда од С. Арабија тешка 60 милиони евра!

733

Дали Манчестер Сити останува без својот прв голман? Имено како што пишува новинарот Цезар Луис Мерло од Аргентина, Ал Наср од С.Арабија му понудил на Едерсон двегодишен договор во вредност од 60 милиони евра или 20 милиони по сезона. Наводно Едерсон бил заинтересиран за овој трансфер. Проблемот е во тоа што тој има договор со Сити на уште две години, до 2026 година, па сега и “граѓаните“ се прашуваат.

Секако дека ова е непријатна вест за Пеп Гвардиола, кој до декември мора да се изјасни дали ќе потпише нов договор со Сити или ќе си оди во Јуни 2025.

ПретходноПред осум години го продадоа за 30 милиони евра, сега го вратија за 1,5 милиони! (ФОТО)
СледноЕвертон си купи играч за врска од Олимпик Марсеј