Пред осум години го продадоа за 30 милиони евра, сега го вратија за 1,5 милиони! (ФОТО)

866

Од денеска и официјално Марко Пјаца е старо – ново име во Динамо Загреб, големо засилување за тимот на Стефан Ристовски и Аријан Адеми, По цели осум години тој се врати во својот Динамо и “модрите“ за 1,5 милиони евра и платија на Ријека да го вратат напаѓачот кој некогаш важеше за мега – талент.

Инаку интересно е тоа што во јули 2016 години тогаш за него Јувентус плати неверојатни 30 милиони евра, сума која сеуште е рекорд во ХНС. Сепак кариерата на Пјаца не се движеше во нагорна линија, честите повреди го спречија да покаже навистина што знае.

Сепак и ваков Пјаца е големо засилување за Динамо Загреб.

Image

ПретходноКвича и другарите пречекани дома како херои! (ВИДЕО)
СледноСити останува без Едерсон: Бразилецот добил баснословна понуда од С. Арабија тешка 60 милиони евра!