Солзи за домаќинот – Шпанија е полуфиналист на ЕП

380

Репрезентацијата на Шпанија го продолжува походот кон титулата европски шампион. Во дербито на четвртфиналето, „фуријата“ ја совлада Германија со 2:1 по продолженијата и влезе во полуфиналето на Европското првенство.

Шпанија уште во осмата минута мораше да менува затоа што се повреди Педри, а влезе Дани Олмо. По првиот дел немаше голови. Во 51 минута Олмо ја погоди мрежата (ГОЛОТ НА ОВОЈ ЛИНК). Следуваше атак на Германците, Никлас Филкруг погоди статива, а потоа изедначи Вирц.
Во 88 минута ѕвездата на Баер Леверкузен, се најде на вистинското место и со волеј го погоди голот на Шпанците (ГОЛОТ НА ОВОЈ ЛИНК).
Се отиде кон продолженија. А таму Германците имаа две-три шанси, сомнителна ситуација во 106 минута по која судијата не реагираше по игра со рака на еден шпански фудбалер во шеснаесетникот.

Шпанците им приредија студен туш во 119 минута кога Микел Мерино погоди за 2:1 (ГОЛОТ НА ОВОЈ ЛИНК).

Во наредната акција Германците можеа да изедначат, но ударот на Филкруг со глава заврши покрај голот. Во последните секунди Карвахал во обид да спречи напад на Германците напрви фаул и доби црвен картон. По слободниот удар резултатот не се промени.

Шпанија е меѓу четирите најдобри, а Германија испадна.

ПретходноБеса се засили со Самаке и Драгановиќ
СледноДушко Трајчевски се врати во ПМФЛ и го засили Гостивар