Македонскиот кошаркарски тренер Дарко Радуловиќ има нов клуб. Тој повторно ќе го води тимот на Башкими од Призрен и со тоа се враќа на местото каде што беше тренер пред две години.
Минатата сезона Радуловиќ го водеше Пелистер и загуби во финалната серија од МЗТ Скопје. Тој претходно работеше во МЗТ, Вардар и Хубнер од Унгарија.