Крос го одигра последниот танц и порача: Нема да кажам колку беше брутално

598

Германија, домаќинот на Европското првенство се збогува од шампионатот со пораз од Шпанија од 2-1 во четвртфиналето. Победникот беше решен во продолжение, а таму Мерино постигна гол во 119 минута.

За Тони Крос ова беше последен меч во дресот на Германија, неговото пензионирање стана и официјално.

За германската репрезентација има 113 настапи и 17 голови, а во 2014 година го освои Светското првенство во Бразил како еден од клучните играчи во репрезентацијата на Јоаким Лев. Со Реал пет пати ја освои Лигата на шампионите, четири пати шпанското првенство и со него освои 22 трофеи. Со Баерн трипати беше германски првак и еднаш европски првак.

„Нема да кажам колку беше брутално, но дадовме се од себе бидејќи не сакавме да загубиме и бевме многу блиску до успех. Сега нашето испаѓање фрла сенка на сето тоа, сакавме да направиме нешто големо, но сега тоа е сон. Игравме добар турнир и тешко е да прифатиме испаѓање кога бевме многу блиску до пласман во следната рунда. Сепак треба да бидеме горди бидејќи напредувавме, а мене ми е мило што можев д апомогнам. Германија како фудбалска нација повторно има надеж. Уверен сум дека тимот ќе има успех во иднина“, изјави Крос по натпреварот.

ПретходноНа истиот стадион, на ист начин, но после 33 години: Херојот на Шпанија го прослави голот како неговиот татко (ВИДЕО)
СледноЕдна бајка заврши, другата се уште трае: Аргентина го доби противникот во полуфиналето (ВИДЕО)