Босанка местела тениски натпревари, доби суспензија од 6 години

623

Босанската тенисерка Јасмина Тињиќ е суспендирана на шест години, откако признала дека учествувала во местење натпревари. 33- годишната тенисерка е на ВТА ранг листата од 2013 година и нејзин најдобар пласман е 236 – тото место.

Таа признала дека учествувала во местење на исходите на натпреварите, нелегално обложување и примање пари во замена да не игра на највисоко ниво на натпреварите со нејзините противнички во периодот од 2017 до 2018 година. Таа има добиено и забрана за натпреварување од четири години во Шведска, поради наместени натпревари.

Нејзината суспензија ќе трае до 17 мај 2028 година.

ПретходноДуелот со Шпанија најгледан фудбалски натпревар во Германија во последните 10 години
СледноПрвпат во историјата на Силверстоун тројца Британци на првите три позиции