Дони ван де Бек е тотално промашување за Манчестер Јунајтед. Холанѓанецот дојде на „Олд Трафорд“ од Ајакс, а Манчестер плати дури 35 милиони фунти меѓутоа погреши. Ван де Бек не ги оправда очекувањата, па беше позајмуван во Евертон и во Ајнтрахт Франкфурт. По завршувањето на минатата сезона Ајнтрахт имаше опција да го откупи за 9,5 милиони фунти меѓутоа одлучи да не го прави тоа.
Се врати во Манчестер со кого има договор на уште една сезона, а клубот се обидува да го „откачи“ што е можно побргу и да се ослободи од неговата плата.
Речиси нема интерес за него. Јунајтед го нудел на Фулам, Евертон, Лацио, Ајакс и Бетис. Никој од нив не го сакал. Џирона која се спрема за настап во ЛШ во новата сезона се јавила за овој фудбалер. Шпанскиот клуб се договорил со Јунајтед за трансферна сума од само 500.000 фунти!
Се споменува дека сумата може да достигне 3 до 4 милиони фунти во зависност од перформансите на Дони во новиот клуб (број на натпревари, голови, клупски успеси, број на победи…).
Според информациите од Шпанија остануваат само Џирона и Ван де Бек да ги договорат личните услови.