Зверев успешен против Нори, овации за Бен Шелтон

147

Четвртиот носител Александар Зверев се пласира во четвртото коло на Вимблдон по победата над домашниот тенисер Камерон Нори со 3-0 по сетови 6-4, 6-4 и 7-6. Мечот тареше два часа и 30 минути, а се играше со покрив поради дождот во Лондон.
Британецот покажа сила во третиот сет во кој спаси пет меч топки во тајбрејкот, но и пропушти пет можности да намали и да го однесе мечот во четврти сет.
Американецот Бен Шелтон, кој е 14-ти носител, ја запиша третата едноподруго победа на Вимблдон. Со тоа тој ги следи стапките на својот татко Брајан кој исто така се пласирал во четвртото коло на Вимблдон пред 30 години.
Шелтон го меч со пет сета го елиминира Канаѓанецот Денис Шаповалов 6-7, 6-2,6-4,4-6 и 6-2.

Во следната фаза на Вимблдон се уште Де Минаур, Умберт, Филс, Емпечи Перикард, Баутиста…

ПретходноЗелински е нов напаѓач на Интер
СледноПРИЈАТЕЛСКИ: Беса ја совлада Брера, Силекс подобар од Кожуф