Хрватска ја совлада Доминикана и против Грција ќе се бори за ОИ во Париз

397

Хрватска ќе игра во финалето на квалификациите за Олимписките игри. Во тежок и драматичен натпревар ја победи Домениканската република и изборија дуел со Грција во финалето. Хрватите славеа со 80:77. Во финишот Хезоња погоди две слободни фрлања, а во последниот напад противникот се обиде со тројка, топката го заврте обрачот и излезе надвор.
Бахамите исто така ќе играат финале откако го совладаа Либан и го чекаат подобриот од дуелот Финска-Шпанија.
Бразил и Летонија ќе се борат за билет на ОИ.

ПретходноТурција води против Холандија – Акајдин го „матира“ Фербруген (видео)
СледноПикфорд си напишал „домашна“