Холандија против Англија во полуфиналето на ЕП – Турција падна после пресврт (видео)

623

Холандија е последниот полуфиналист на ЕП во Германија откако вечерва со пресврт во второто полувреме ја совлада Турција со 2:1. Холанѓаните добро го започнаа мечот, но потоа некаде од 20-тата минута Турците почнаа да напаѓаат и постигнаа гол. Акајдин со глава го совлада Фербруген за водство на Турците (ГОЛОТ ОВДЕ).

Во вториот дел поинаква Холандија, онаа напаѓачки настроена и офанзивна. Во 70 минута стигна одговорот. Де Фрај го изедначи резултатот (ГОЛОТ ОВДЕ). Само шест минути подоцна џокерот од клупата, Гакпо реализираше за конечни 2:1 (ГОЛОТ ОВДЕ). Во 81 минута стрелецот на голот Акајдин беше изнесен на носилки поради повреда.
Холандија во полуфиналето ќе игра со Англија. Другото полуфинале го сочинуваат Шпанија и Франција.

ПретходноВИМБЛДОН: Ѓоковиќ го победи и Попирин, следен ривал му е Холгер Руне
СледноНокаут за Бразил – Уругвај е полуфиналист на Копа Америка (видео)