НФЛ играч загина во автомобилска несреќа

283

Играчот на Минесота Викингс, Кајри Џексон загинал во автомобилска несреќа. Државната полиција на Мериленд соопшти дека 24-годишниот Џексон бил една од трите жртви на несреќата. Другите двајца биле поранешни соиграчи на Џексон од колеџ – Ајзеа Хазел и Антони Лутон џуниор.

Полицијата соопшти дека Џексон седел на совозачкото седиште кога нивниот автомобил налетал на друго возило е се обидело да претекне со голема брзина. Возилото во кое бил Џексон и другарите излетало од патот и удрило во дрво.
Истажителите веруваат дека алкохолот можеби имал улога во несреќата, а истрагата е во тек.

Џексон беше четврти избор на НФЛ драфтот во 2024 година.

ПретходноНБА шампионот го врати Португалецот, Далас го потврди Клеј Томпсон
СледноЈакин: Не заслуживме да испаднеме од Англија, не мораме веќе да се криеме против големите