Бразил „грабна“ виза за ЛОИ во Париз

131

Кошаркарите на Бразил се првата селекција која низ квалификациите обезбедува место на Олимписките игри во Париз. Вечерва во Рига, Бразил ја совлада Летонија со 94:69 и со тоа освои „виза“ за Париз.

Бразил до победата го предводеше Бруно Кабул со 21 поен и четири скока, а го следеше Лео Мајндл со 20 поени и 8 скока. Двоцифрени беа и Жоргињо Де Паула со 14, три скока и пет асистенции, Марселињо Хуертас и Гуи Сантос со по 12 поени.

Кај Летонија се истакна Рихардс Ломаж со 15 поени и пет скока, а Роланд Смитс постигна 14 поени.

Покрај овој турнир во Рига, се играат уште три квалификациски турнири на кои ќе ги дознаеме последните три учесници. Во Пиреја каде се среќаваат Грција и Хрватска, во Валенсија ќе играат Шпанија и Бахамите, а последната финална двојка ја сочинуваат Литванија и Порторико.

ПретходноОткако му истече договорот со Ливерпул одлучи да ги „закачи копачките“
СледноОФИЦИЈАЛНО: Олисе е нов фудбалер на Баерн (М)