Централен бек на Реал пред трансфер во Наполи

630

Наполи продолжува да работи на засилувањата за новата сезона. Според експертот за трансфери Фабрицио Романо, екс-италијанскиот шампион ќе има нов стопер и тој доаѓа од Реал Мадрид.
Се работи за 22-годишниот Рафа Марин за кого Наполи ќе му плати на Реал 12 милиони евра. Во договорот стои опција Реал да го врати играчот за 25 милиони евра во 2026 година или за 35 милиони евра една година подоцна.
Во 2025 година Наполи може да му плати на Реал дополнителни 10 милиони евра за потоа сумите за кои Реал би го вратил играчот би се удвоиле (50 милиони и 70 милиони).
За должината на договорот на играчот нема информации.
Рафа минатата сезона играше како позајмен во Алавес и одигра 35 натпревари во Ла Лига и Купот на Шпанија.

ПретходноБиелса: Фудбалот станува сè подосаден, ќе има се помалку големи играчи
СледноДе ла Фуенте пред дилема, дали е паметно ветеранот Навас да го чува Мбапе?