Откако по завршувањето на сезоната го направи транесферот во екипата на Валенсија, македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски денеска го маше и својот прв, официјален тренинг со новиот клуб.
Димитревски се појави на првата прозивка со која и официјално започнаа подготовките за новата сезона во Ла Лига. Столе секако петендира за стартното место во тимот на Валенсија, по феноменалните одбрани на голот на Рајо Ваљекано во последните неколку сезони.