Човек од обезбедувањето го удри Мората во коленото обидувајќи се да отстрани навивач од теренот (ВИДЕО)

190

Еден од лицата задолжени за обезбедување на стадионот во минхен, случајно го удри Алваро Мората во коленото по мечот со Франција.

По натпреварот, кога шпанските репрезентативци ја славеа победата, навивач истрча на теренот и се упати кон играчите, во обид да се фотографира на својот телефон. Еден од луѓето од обезбедувањето, обидувајќи се да го фати натрапникот, се лизна на тревникот и падна, удирајќи во коленото на Мората, кој беше во близина.

Шпанскиот напаѓач се фати за десното колено и очигледно почувствува болка.

ПретходноОлмо: Не ми е гајле со кого ќе играме во финалето!
СледноЖиру го одигра последниот натпревар во репрезентацијата